"Топлифиикација" и официјално објави дека од државните енергетски компании ЕЛЕМ АД и МЕПСО АД земала заем од 240.000.000 денари, односно 3,9 милиони евра. Според оваа информација објавена на веб страницата на Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, Договорот за наменски заем склучен помеѓу заемопримачот "Топлификација" АД Скопје и заемодавците ЕЛЕМ АД Скопје и МЕПСО АД Скопје, предвидува заемот да се врати за осум и пол месеци, односно до 15 август годинава. Друштвото за производство и дистрибуција на топлинска енергија Топлификација АД Скопје информира дека за заемот е заснован залог над осум обични акции издадени од ТЕ-ТО АД Скопје, кои се во нејзина сопственост. Причините поради кои Топлификација се задолжува не се објавени.
"Топлифиикација" и официјално објави дека од државните енергетски компании ЕЛЕМ АД и МЕПСО АД земала заем од 240.000.000 денари, односно 3,9 милиони евра, за што пишуваше "Вечер".
Според оваа информација објавена на веб страницата на Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, Договорот за наменски заем склучен помеѓу заемопримачот "Топлификација" АД Скопје и заемодавците ЕЛЕМ АД Скопје и МЕПСО АД Скопје, предвидува заемот да се врати за осум и пол месеци, односно до 15 август годинава.
Друштвото за производство и дистрибуција на топлинска енергија Топлификација АД Скопје информира дека за заемот е заснован залог над осум обични акции издадени од ТЕ-ТО АД Скопје, кои се во нејзина сопственост.
Причините поради кои Топлификација се задолжува не се објавени.